Никој не откупува домашна пченица

Bez autora
Aug 04 2013

Земјоделците од најголемата житница во земјава, Пелагонија, стравуваат дека пченицата годинава ќе им остане неоткупена. Според нив, житото наместо по силосите во мелниците, им лежи по амбарите, гаражите и на нивите. Откупот на пченицата се одвива многу бавно и по многу ниска цена - 11 денари за килограм, е за три денари помалку отколку што беше договорено пред почетокот на жетвата со Министерството за земјоделство. Досега неоткупена остана повеќе од половина од годинашната реколта на жито во најголемата житница во земјава. Во Министерството за земјоделство велат дека ниту еден килограм нема да се увезе ако не се откупи домашното жито. Земјоделците во паника, не знаат што да прават со пченицата.

Никој не откупува домашна пченицаЗемјоделците од најголемата житница во земјава, Пелагонија, стравуваат дека пченицата годинава ќе им остане неоткупена. Според нив, житото наместо по силосите во мелниците, им лежи по амбарите, гаражите и на нивите.

Откупот на пченицата се одвива многу бавно и по многу ниска цена - 11 денари за килограм, е за три денари помалку отколку што беше договорено пред почетокот на жетвата со Министерството за земјоделство. Досега неоткупена остана повеќе од половина од годинашната реколта на жито во најголемата житница во земјава. Во Министерството за земјоделство велат дека ниту еден килограм нема да се увезе ако не се откупи домашното жито. Земјоделците во паника, не знаат што да прават со пченицата.

- Имаме многу голема мака со жетвата, таа се одолжи годинава најмногу поради откупот. Има луѓе што го складираат дома житото, но и такви што жнеат и нема каде да го носат, па останува по нивите. Досега нивите требаше да бидат ожнеани, но не одговара цената. Од Министерството рекоа да се откупува по цена од 14 денари за килограм, но мелничарите не даваат повеќе од 11 денари. Во Егри има 600 тони, ако се откупени 20-30 тони, другото лежи по гаражите и повеќе од половина е на нива - изјави Павле Митревски, претставник на земјоделците од село Егри едно од најплодните села со пченица во Битолско.

Земјоделците се жалат дека некои мелничари го условуваат откупот со ниските цени и други неважни критериуми.

- Ако сакаш за 11 денари, велат, во ред, ако не, не носи жито. Откупуваат многу малку, па исплашени дека нема да им се продаде житото, некои од земјоделците го дадоа по многу ниска цена. Се поставуваат и услови од типот - ако лани си однел жито, годинава ќе ти го земат. Ако лани не си предал, сега немаш право да го носиш - вели Стевче Ристевски, земјоделец од Радобор. Мелничарите објаснуваат дека с` уште имаат резерви со пченица увезена од Србија. Во изминатите 18 месеци во Македонија од Србија биле увезени 250.000 тони пченица, што е доволно Македонија да биде обезбедена со лебно зрно за цела година. Мелничарите велат дека во вакви услови не можат на земјоделците да им го откупат целиот род и да го исплатат по договорената цена.

Во услови на отежнат откуп, во Пелагониско се појавија трговци од Албанија, кои на црно го откупуваат македонското жито.

- Откуп има на диво. Доаѓаат трговци од Албанија и ги откупуваат житото и јачменот за по 12 или 13 денари. Парите ни ги даваат на рака, но без документи. Некои го предаваат родот зашто секое чување на житото чини пари. За да се складира, потребни се вреќи, работна сила. Секое поместување на еден тон жито чини 200 денари. Со тоа се зголемува цената. Kолку повеќе житото ни седи по амбарите и гаражите, толку повеќе е оптоварено со давачки - рече Бошко Стрезовски, земјоделец од Гермијан.

Велјо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци, објаснува дека завчера бил одржан останок меѓу земјоделските здруженија, мелничарите и министерот за земјоделство Љупчо Димовски за наоѓање решение за откупот.

- Во Пелагониско се откупуваше житото на десет пункта, но по цена од 11 денари. На средбата мелничарите ветија дека ќе почнат да го откупуваат житото според квалитетот - од 13 до 15 денари - изјави Тантаров.

Заменикот на министерот за земјоделство Зоран Kоњановски деновиве изјави дека по нивни процени, половина од годинешната реколта на пченица не е откупена и побара мелничарите да имаат пофер однос кон земјоделците.

- Деведесет проценти од жетвата се завршени, а 40 отсто од пченицата веќе се во силосите, остануваат уште околу 50 проценти пченица да се откупи од мелничката индустрија. Ние како Влада направивме с` за да ги заштитиме земјоделците, но, од друга страна, очекувам и мелничарите да имаат пофер однос кон земјоделците и за брзо време да ја откупат пченицата - вели Kоњановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik